Во прв ред

Одлично склопена приказна… Здравко Чолиќ три ипол часа пееше пред скопската публика (Фото)

Во преполната спортска арена “Борис Трајковски” и 30-на минути задоцнување, започна долго најавуваниот концерт на познатиот легендарен поп пејач на Балканот Здравко Чолиќ. Уште на самиот почеток публиката која со нетрпение го очекуваше на сцената стана на нозе и немаше песна што не ја знаеше и песна на која не се играше. Од добро познатите “Е, драга, драга”, “Једна зима са Кристином”, “Кад погледаш ме преко рамена”, “Ко те љуби кад нисам ту”, “Једина”, “На овај дан”, “Мангупска”, “Ти можеш све ал једно не”, “Јави се, јави се”, “Као моја мати”… па се до новите “Есма”, “Ватра и барут”, “Што ти дадох”… песни кои се пееја и пееја…

Zdravko Colic_koncertОдлична адмосфера, добро спакуван и организиран концерт, професионален тим и пред се голем професионалец… е малку да се каже за самата организација и главната ѕвезда Чолиќ кој иако на почетокот оправдано доцнеше, сепак, три ипол часа и тој и публиката пееја и вистински се забавуваа.

Чест и задоволство е да се присуствува на вакви концерти на кои однапред се знае се… Би посакале, искрено би посакале, во нашиот главен град, а и низ Македонија, често да се случуваат вакви големи настани кои освен што ќе ја забавуваат и опуштат публиката, пополека да станеме место каде што ќе почне нешто да се случува.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Фото: Музика24.мк / Влатко Перковски – Телеграф.мк

Можеби ќе ве интересира: