Магазин

Тоше Проески спои босанка и македонец

Уште како средношколка, Наташа Ѓоковиќ имала свои сoништа и ги следела своите желби. Нејзина нaјголема желба била да го запознае Тоше Проески, нашата поп ѕвезда. Нејзините другари од училиште не можеле да веруваат колку љубов искажувала спрема Тоше, бидејќи секоја писмена и секоја тема во училиште пишувала само за него.

Нејзините блиски велат дека во нејзината соба немало празен простор во кој немало залепено фотографии од нашиот пејач.

“Светот на Наташа се срушил пред нозе кога и дојавиле дека популарниот пејач кој толку го сака загинал во сообраќајна несреќа. Била потресена, болна и неколку дена во шок, и не сакала да се помири со тоа дека Тоше не е повеќе меѓу живите”, пишува босанскиот портал doznajemo.com.

Од сета таа љубов кон Тоше, Наташа го научила дури и македонскиот јазик и токму во Крушево при посета на гробот на Тоше ја запознала љубовта на својот живот, со кого веќе долго е во врска и покрај далечината. Таа ја користи секоја прилика да го посети Крушево и гробот на својот омилен пејач, како и да се види со своето момче Јордан Мартиновски.

“Среќна сум и силно врзана за Македонија. Пријателите и денеска не ме разбираат од каде толкава љубов поради која го научив јазикот и обичаите. Многу ми е тешко што Тоше повеќе не е жив, би сакала да е и со моето момче да одиме на негов концерт во Скопје. Но, судбината ми одреди друг тек. Цел живот ќе жалам за Тоше, но верувам дека Господ ми го подари Јордан за да можам со некого да ја споделам тагата”, вели Наташа.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: