24 Ексклузивно

Ексклузивно: Мирослав Илиќ и Адил со голем концерт во Скопје

Како што пишува дневниот весник “Вечер”, на далеку познатите балкански пејачи Мирослав Илиќ и Адил на 29-ти ноември ќе имаат голем концерт во Скопје. Големите хитови “Луцкаста си ти”, “Теби”, “Лажу да време лечи све”, “Лаку ноч”, “Маскенбал”, “Љуби ме по сечању”… ќе бидат само дел од големиот репертоар на овие двајца големи пејачи кои пред македонската публика како старите, ќе ги претстават и новите хитови.

Да се подсетиме накратко, Мирослав Илиќ пред три години одржа концерт во Скопје во Универзалната сала, тогаш присутните уживаа во неговиот глас и песни, а овој пат, тој доаѓа со засилување односно со познатиот Адил кој зад себе има мноштво познати хитови без кој нема забава или домашна веселба.

Засега немаме детали за концертот на овие две големи музички имиња, но едно се знае, концертот ќе го започне Адил, за на сцената потоа се појави и големиот легендарен Мирослав Илиќ. За повеќе детали, следете го нашиот Специјализиран македонски музички портал кој деталите Ви ги донесува наскоро.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: