Балканленд

“Дубиоза Колектив” гости на 49-та “Гитаријада” во Заечар (Видео)

Босанскиот балкански бенд “Дубиоза Колектив” на иницијатива на Заечар ќе оддржат целовечерен концерт на 49-то издание на “Гитаријада”. Воедно тие пред 3 години настапија во Краљевица, а нивниот настап беше карактеризиран со огромен број од лавина на позитивни коментари, па затоа е и причината што ќе ја имаат таа чест да го отворат овој реномиран балкански фестивал во кој учествувале на многу познати артисти од целиот балкан.

“Се надеваме дека публиката ќе не прифати како и пред 3 години иако многу измени има во нашите изведби каде вметнуваме различни стилови на жанрови, но сепак го зачувавме духот како и од почеток”, изјави еден од членовите на составот, кој нагласи дека се потребни вакви фестивали.

Она што публиката ги памети “Дубиоза Колектив” се големиот број на хитови и неодамнешната соработка со познатиот крал на трубата од Струмица Џамбо Агушев кој е редовен гостин на нивните настапи.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: