Музика на кирилица

Најава за трет албум од колекцијата “Македонското срце чука во 7/8 такт”

По успешните два претходни албуми, познатите македонски музичари браќата Тавитјан, Гаро и Диран, го најавуваат и третото продолжение на проектот кој привлече досега најголемо внимание кај македонската и балканска јавност и кој што во себе вклучи голем број на познати македонски и балкански музички имиња, “Македонското срце чука во 7/8 такт”.

Како што велат тие, исто како и во претходните два, и во третиот веќе најавен албум, учество ќе земат познати македонски и балкански музичари кои досега се докажале и имаат и имаат што да покажат.

“Проектот живее благодарение на Вас драги луѓе и слушатели. Само поради вас и големото побарување одлучивме да продолжиме со зачувување на традиционалните песни низ нови обработки и тоа со најголемите имиња. Ние кои сме љубители на проектот, знаеме дека го реализиравме во рекодни 85.000 копии, низ Балканот и дијаспората , што е повеќе од доволен мотив да продолжиме и е показател дека моќта на македонската традиционална песна ги руши сите рекорди. Кој слушнал македонска песна… засекогаш ја запамтил, засакал и срцето му зачукало во седум осмини. Па да продолжиме”, напиша Гаро Тавитјан на својот Facebook профил со што всушност го најави и стартувањето на новиот трет албум од оваа колекција.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: