Музика на кирилица

Поп пејачот Влатко Лозаноски и фолк пејачка Анета Молика снимаа спот во Охрид

Како што известуваат нашите колеги и соработници од естрадниот магазин Естрада плус, денеска хит песната на Анета Молика и Влатко Лозаноски “Со тебе поубав е денот” доби и свој видео спот. Песната која е вистински хит на македонските радиостаници конечно ќе добие свое видео издание и ќе може конечно да се врти и низ македонските телевизии. Како најзаслужни за снимањето на овој спот, освен главните актери, е и ИН продукција која зад себе има без број музички проекти.

Само за момент да ве потсетиме што се однесува до песната, текстописец на истата е сестрата на Влатко, додека снимањето на спотот се одвиваше на неколку локации во Охрид. Официјалната промоција ќе биде на ИН Телевизија првата и единствена македонската телевизија во Австралија, за неколку дена.

Подготви: Александра Блажевска

Фото: ИН Продукција

Можеби ќе ве интересира: