Балканленд

Здравко Чолиќ: Најубаво нешто е кога на свој концерт ќе видиш млада публика

Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ неодамна оддржа тричасовен мега концерт во како дел од годинешната “Питијада” во Велес. Чолиќ изрази задоволство што по 24 години повторно е во Велес, а концертот според него, бил одлична можност да се оддолжи на поголем дел од фановите на неговите песни.

“Најубаво нешто е кога на свој концерт ќе видите млада публика, различни генерации… За тоа и вредеше што напорно работам сите овие години. Вие може да снимате песни, но ако не ве следи нова генерација, вам ќе ви биде тешко и да имате публика. Новата генерација секогаш ги влече и постарите кои некогаш порано ве слушале, а сега повторно доаѓаат на концерт”, рече Чолиќ.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: