Аца Лукас се откажа од намерата за дует со Северина

Српскиот турбофолк пејач Аца Лукас изјави дека се откажува од планираниот дует со хрватската мега-ѕвезда Северина, поради нејзините ставови за геноцидот во Сребреница.

“Нормално е што ја откажав соработката со неа. Што е толку чудно во тоа? Жената всушност нам ни откажа со она што го кажа. Инаку, не се мешам во такви изјави, бидејќи ги почитувам сите луѓе и мојата публика ширум светот. Не знам зошто го направи тоа, бев шокиран што тоа го кажа жена која била во брак со Србин. Не можам да верувам дека таа живее тука. Мислам дека тоа има врска со купувањето публика, бидејќи таа сега се врати во Загреб, и беше тука попопуларна отколку таму. Мојата колешка малку се занесе во нејзините изјави, и кога ќе го сфати тоа, ќе биде предоцна. И посакувам се` најдобро, но немам намера да соработувам со неа по изјавата за нашите луѓе”, изјави Лукас.

Оваа реакција на Лукас доаѓа откако Северина го одбила ангажманот како водителка на ТВ Уна, која е во сопственост на синот на Милорад Додик. Таа рече дека не сака да учествува во проект што има врска со лице кое ги навредува жените на најлош начин и кое не признава дека е извршен геноцид во Сребреница.

“Преговарав со ТВ Уна долго време. Имавме многу пријатни работни состаноци и навистина се согласивме да работиме, дури и почнавме да го собираме тимот. Меѓутоа, се откажав кога дознав дека се работи за телевизијата на Додик”, рече Северина.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com