Фестивали

Денес започнува 25-то издание на музичкиот фестивал „Таксират“ (Фото)

Денес, 7-ми декември, во арената Борис Трајковски“, ќе се одржи јубилејното 25-то издание на фестивалот Таксират. Од 1999, од прв ТАКСИРАТ, преку МКЦ, па низ некогашен Скопски Саем, Хала 2, Метрополис Арена, off-Таксират секаде низ Скопје.

Како што велат организаторите, Пасворд продукција, на главната вечер ќе настапат препознатливите Таксират резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на Таксират“ или уште поважно, екипата која на моменти помага сета оваа приказна да опстои и да продолжи.

Три сцени и десет изведувачи во една вечер, на која збирно место има и новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена“, се вели во објавата од Пасворд Продукција.

Оваа година на сцената ќе настапат:

  • Acid Arab,
  • Dub FX,
  • Dubioza Kolektiv,
  • Kiril Dzajkovski,
  • Let3,
  • Mimi Mercedez,
  • S.A.R.S.
  • Smoke Mardeljano,
  • Smut
  • Strajk

Билетите можете да ги набавите on-line преку МК Тикетс.

Можеби ќе ве интересира: