Фестивали

„Фолк Фест Валандово“ објави меѓународен конкурс за избор на композиции за 37. издание на фестивалот

Општина Валандово го објави Меѓунродниот конкурс за избор на композиции за 37. издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест Валандово 2024“.

На конкурсот можат да учествуваат домашни и странски автори и изведувачи, кои ги исполнуваат пропишаните услови, а сите заинтересирани учесници се должни да достават оригинална композиција, изработена во духот на македонската народна музика, напишана на македонски јазик.

Конкурсот е објавен на веб страницата на Општина Валандово, а апликациите се поднесуваат во архивата на Општината најдоцна до 15-ти февруари.

Можеби ќе ве интересира: