Фестивали

Јубилејното издание на “Охридско лето” стартува на 4-ти август?!

“Охридско лето може да се отвори на 4-ти август”, најавува директорката Наташа Поповиќ. Причината е иста како за одложените манифестации периодов во Македонија и светот – Ковид 19. Инаку фестивалот годинава одбележува 60 години од првото одржување, односно многу значаен јубилеј.

“Годинава “Охридско лето” бележи 60 години. Чекаме да се прогласи крај на вонредната состојба и понатаму со препораки од ресорното Министерство за култура и препораки од Владата сакаме и би требало да се одржи годинешното издание на “Охридско лето” со тоа што би се поместила датата на свеченото отворање и наместо на 12-ти јули тоа би било на 4-ти август, на истиот датум кога и пред 60 години се отворил фестивалот”, вели Поповиќ.

Можеби ќе ве интересира: