Фестивали

“Скопско лето” ви ја претставува театарската претстава “Смртта на Дантон” (Фото)

Како што не известуваат нашите пријатели и соработници од “Скопско лето”, утре 10-ти јули (сабота) на програмата е најавена театарската претстава “Смртта на Дантон”. Оваа театарска претстава ќе се одржи во Центарот за култура – Кисела Вода (КВК кино), со почеток во 20.30 часот.

Автор на претставата е Георг Бихнер, а е во продукција на ЈОУ Дом на култура КВК Скопје, во копродукција со Театар Фабрика. Рeжисер е Андреј Цветановски, сценограф и костимограф – Сергеј Светозарев, асистент на режија – Борјан Стојков, а играат: Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Александар Михајловски, Ане Блажовски, Наталија Теодосиева, Марија Кондовска, Кристина Гиева.

Претставата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот е слободен.

Можеби ќе ве интересира: