Музика на кирилица

Бојан Маровиќ се сели во Македонија

Црногорскиот пејач Бојан Маровиќ се сели во Македонија. Тој деновиве ја задолжи и својата македонска менаџерска екипа да му најде стан под кирија во централното подрачје на Скопје, за да може подолго да претстојува во нашата земја. Харизматичната црногорска поп ѕвезда на ваков чекор се решил по одлуката од Белград (каде што до сега живееше и студираше) да се префрли на штипскиот универзитет, каде на музичката академија треба да ги даде последните два испити и завршната дипломска работа. Со овој потег несудениот виолинист ќе биде почесто на подолг престој во Македонија, а со тоа и поблиску до своите овдешни фанови, особено оние од понежниот пол кои секогаш се и најбројни на неговите концерти.

Веќе во текот на оваа недела Маровиќ ќе претстојува во Скопје и Штип за да ги регулира својот престој и поединостите околу своето академско школување, но и медиумски да ја промовира својата најнова песна “Ќе биде моја” (“Биче моја”), која се појави деновиве како прв сингл што ќе го најави неговиот нов албум кој пак треба да се појави до крајот на оваа година. На новото ЦД не е исклучено Маровиќ да има песна која е отпеана на македонски јазик.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: