Музика на кирилица

„Conspiracy” освоија прво место во Чешка со најновата песна „Гнев” (Видео)

Објавувањето на новиот сингл „Гнев”, македонскиот хеви метал состав „Conspiracy” не помина незабележано. Многубројни позитивни реакции стигнуваат не само од Македонија, туку и од странство.

Песната „Гнев” е објавена на голем број портали и интернет магазини во Македонија и странство, како во Словенија, Чешка, Русија, останатите држави на Балканот, како и други земји. Постојано пристигнува поддршка од фановите како во Македонија, така и надвор од границите на нашата земја.

Од страна на редакцијата на големиот Чешки онлајн магазин RockShock песната „Гнев” на „Conspiracy” беше избрана за учество во анкетата во рубриката Video Shockparada каде што во номинација на бендови од целиот свет во 18-то коло за 2023 година го освоија првото место, што за млад бенд од овие простори претставува огромен успех, признание, мотивација за понатамошна работа и достојно презентирање на македонската музичка сцена надвор од границите на нашата земја.

„Conspiracy” се дел од програмата на овогодинешниот Underfest фестивал којшто ја обединува авангардната и андерграунд културата во Македонија, а ќе се одржи на 13.10.2013 година во Младинскиот културен центар во Скопје. Настапот на Underfest ќе биде прв настап на „Conspiracy” во живо по објавувањето на песната „Гнев”.

Во Conspiracy членуваат Стефан Трајкоски (вокал/гитара), Александар Стефановски (тапани), Адриан Петров (гитара) и Раде Биковски (бас).

Можеби ќе ве интересира: