Музика на кирилица

Фолк фест “Валандово”: И за фолкерите парични награди

Фолк фестивалот “Валандово” годинава ќе го прослави 30-годишниот јубилеј со нови директори, со нов месец на одржување и со парични награди од 30 илјади евра. Општина Валандово, под чија капа е фестивалот, објави конкурс со кој се бараат тројца директори: главен директор на фестивалот и уметнички и технички директор.

“Конкурсот ќе трае речиси до крајот на месецов и со двегодишен мандат ќе се одберат директорите, кои комплетно ќе го организираат фестивалот”, вели Николче Чурлиновски, градоначалник на Општина Валандово. Место третата недела од мај, фолк фест “Валандово” годинава ќе се одржи во септември. Новото раководство треба да го одреди датумот.

“Фестивалот годинава ја враќа старата шема, три дена со две полуфинални и една финална вечер”, вели Чурлиновски. Новина е што наградниот фонд ќе изнесува 30 илјади евра и тоа победничката песна ќе биде наградена со 15 илјади евра, второпласираната со 10 илјади и третата со 5 илјади евра.

Да не кукаат фолкерите дека само пари се дава на поп пејачите!

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: