Музика на кирилица

Игор Станоевски на натпреварот на Playcrossroads, гласајте за него!

Македонскиот блузер Игор Станоевски, познат како IGI MAN, се искачи меѓу првите 20 најдобри на натпреварот за рок и блуз гитаристи на playcrossroads.com, кој е во тек. На овој натпревар, кој е еден од најголемите во светот, се пријавени гитаристи и бендови од целиот свет, а Игор излезе на насловната страница како артист на денот.

Станоевски кариерата ја започнал на 16-годишна возраст, кога неговиот неверојатен талент бил препознаен од “Јамаха” и станува нивно заштитно лице за Македонија во 2003-та година. Меѓу неговите многубројни успеси, еден од најголемите е солистичкиот настап на Блуз едн соул фестивалот, како и настапот со гитаристот на Мајкл Џексон, Грег Рајт.

Слушнете го нашиот IGI MAN на следниов линк http://www.playcrossroads.com/u/IGIMAN и дајте му поддршка! Натпреварот ќе трае до 8-ми март, а најдобрите 100 гитаристи ќе бидат разгледани од жири и еден од нив ќе има чест да свири со Ерик Клептон.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: