Музика на кирилица

Каролина Гочева ве поканува на концерт во МОБ

Каролина Гочева го најави излегувањето на нејзиниот нов албум “Македонско девојче 2” кој во слободна продажба ќе излезе на 25-ти февруари следната година. За промоција на албумот ќе бидат одржани пет концерти во МОБ.

Првите копии од новиот албум ќе ги добијат посетителите на петте концерти, кои ќе се одржат од 20-ти до 24-ти февруари. Со секоја купена влезница на денот на концертот, посетителите ќе добијат примерок од албумот. Цената на пакетот, сочинета од влезница плус луксузно дигипак издание ќе изнесува 600 денари. Влезниците во продажба ќе бидат пуштени од деветти декември.

Првиот сингл “Чалгиска” од новиот албум “Македонско Девојче 2”, беше промовиран на шестти декември во 21 часот на официјалната facebook страна на Каролина и facebook страната на Авалон Продукција. Реакциите на публиката се одлични.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: