Во прв ред

Ана Николиќ го “запали” Прилеп (Фото)

Вчера вечер познатата српска поп пејачка Ана Николиќ го “запали” Прилеп. Во добро познатиот прилепски клуб Calypso оваа позната пејачка палеше и жареше речиси три часа со своите хитови, а како што не известува нашата екипа од Прилеп, таа пеела и песни од Цеца како и од Аца Лукас.

Но небитно, забавата била на највисоко можно ниво и речиси сите пееле на нејзините многу добро познати хитови “Милион долара” (песна која што Николиќ пред публиката ја отпеала два пати, како и останатите “Мишо мој”, “Џукело”, “Написмено”, “Баксузе”…).

Calipso Calipso CalipsoДали оваа позната пејачка ги почести прилепчани милион долари и дали ги отвори сите врати незнаме, но едно е сигурно, недостасува добра, луда и незаборавна забава за која ќе се зборува долго, дооолго…

За Музика24 од Прилеп: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: