Во прв ред

ДНК наместо на одмор, со голем концерт во Охрид

Иако македонската естрада е периодична и не секогаш можеме да се пофалиме со добра и континуирана македонска продукција, сепак постојат и исклучоци. Еден од нив е Панчо ака DJ Шорти, познат од дуото ДНК, кој е константно посветен на креирање нови хитови и забавување на сите нивни фанови, кои се чести гости на неговите диџејски сетови. Тој и ова лето одлучи да му биде работно поради желбата за задоволување на сите љубители на музиката на ДНК, но и на забавите кој тој ги креира, како во домашните, така и во странските ноќни клубови.

“Оној кој си ја сака работата и е исполнет, не чека со душа да дојде лето за да може две недели негде да се излежува. Затоа и ова лето, решив да се посветам на работата која заедно со Андреј ќе ја крунисаме на концертот со бенд, кој е планиран за крајот на месец јули во Охрид”, вели Панчо, кој е познат креатор на добрите ноќни забави ширум државата.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: