Во прв ред

И покрај невремето, Саша Ковачевиќ одржа незаборавен концерт во Гевгелија (Фото)

После невремето кое се случи во Гевгелија и кога сите се прашуваа дали воопшто ќе се одржи одамна најавениот концерт на мега популарниот Саша Ковачевиќ во ноќниот клуб “De Facto”, времето како да ги послуша молитвите на огромната публика која со картите во рака чекаа да влезат и да започне вечерашната журка. Концертот започна во 23.30 кога Саша започна да ги пее своите најголеми хитови, што нови-што стари.

Преку 2000 прусутни, од кои девојките се всушност неговата најбројната и најверна публика, во еден здив со него ги пееја познатите “Браним”, “Могли смо све”, “Случајно”, “Како после нас”… и уште многу други познати хитови.

Sasa Kovacevic_Gevgelija_muzika24.mkПо вчерашниот одличен концерт во Прилеп и вечерашниов во Гевгелија, како што веќе пишувавме, Саша Ковачевиќ утре заминува во Грција каде ќе го снима новиот спот за неговата најнова песна, која сеуште не ја открива на македонската јавност.

Sasa Kovacevic_Gevgelija3Од менаџерскиот тим на Саша Ковачевиќ за Македонија, не извесутваат дека следната недела гостин со свои концерти ќе биде познатиот Џенан Лончаревиќ кој ќе настапи во струмичката дискотека “Селект” на 20-ти јуни, следниот петок, додека пак ден потоа односно сабота 21-ви јуни Џенан Лончаревиќ свој концерт ќе одржи во Куманово во Касарски круг.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: