Во прв ред

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ после долго време заедно во Скопје

Големите мајстори на гитара и светски уметници, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ по луксузното винилно реиздание на албумот „Трета мајка“, истиот концертно ќе го отсвираат во Македонска филхармонија во организација на Авалон продукција.
„20 години подоцна, кругот повторно се затвора. Едно од нашите највредни албумски изданија е секако, албумот „Трета мајка“. Оваа година, „Трета мајка“ го објавивме на винил, а следниот чекор беше очекуван: многумина веќе ни пишаа и интересот за оваа најава постои уште пред нејзиното официјализирање денес“, истакнуваат од Авалон.
Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе го свират „Трета Мајка“ и, се разбира, „Крушево“ во живо во Скопје, на 1-ви јуни во Македонска филхармонија, со почеток од 20:30 часот. Тоа ќе биде впрочем и нивен прв настап во Македонска филхармонија, додека во Скопје одамна немаат свирено заедно.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (вторник – 9-ти април) во 9 наутро онлајн на ticketx и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од: 1.500 денари и 1.990 денари.

Можеби ќе ве интересира: