Во прв ред

Во слободната фестивалска зона: Слаткаристика, Ареа, Газда Паја, Морал…

Музика24 веќе Ве информираше за одржувањето на првиот Open Free Zone Festival кој што ќе трае два дена и ќе се одржи на 27-ми и 28-ми септември во општината Аеродром. Тогаш најавивме дека на фестивалот ќе настапат Слаткаристика и групата Ареа, а веќе денес Ве информираме дека листата на изведувачи се прошири. На бината на Фудбалскиот стадион кој се наоѓа до МЗТ салата, освен веќе споменатите имиња ќе ги споменеме Газда Паја кој ни доаѓа од соседна Србија, Тајзи, Токсиколози (Кацар, Сиги, Џоле) и DJ-и кој ќе настапат на првиот фестивалски ден, односно 27-ми септември. За вториот ден пак освен групата Ареа на сцената ќе можеме да ги погледнеме: групата Морал, Ѓеорги Шарески со DJ Маци и Марко – Лог аут.

Музика24 и Слободната организациска екипа Ве кани на одлична забава на 27-ми и 28-ми септември во општина Аеродром, на фудбалскиот стадион кој се наоѓа веднаш до МЗТ салата. Ве очекуваме!

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: