Во прв ред

По Драгојевиќ и Џибони со најава за концерт во Скопје

Музичкиот портал Музика24 неодамна пишуваше за одржувањето на концертот на Оливер Драгоевиќ во Скопје кој што според најавите треба да се одржи на 29-ти ноември. Но, 10-на дена порано, односно на 16-ти ноември како што најавуваат од План Б продукција, ќе се одржи голем концерт на хрватскиот мега популарен Златан Стипишиќ или уште попознат како Џибони.

Концертот ќе се одржи во арената “Борис Трајковски” со почеток во 21 часот. Инаку, концертот е дел од промотивната европска турнеја на неговиот албум “20th Century Man”. Во рамките на турнејата закажани се повеќе од петнаесет настапи меѓу кои и оние во Берлин, Прага и Виена. Џибони е најпопуларниот хрватски пејач во последните петнаесет години и најтиражниот хрватски кантавтор на сите времиња. Организаторите најавуваат повеќе детали за самиот концерт во текот на наредните денови. Музика24 како музички медиум ќе биде дел од овој голем музички мега концерт.

Подготви: Алекасандра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: