Културо

Македонската филхармонија го одбележува денот на вљубените

Македонската филхармонија, специјално за денот на вљубените – 14 февруари, ќе одржи концерт на кој ќе изведе избор од песни и композиции, кои ја одбележаа музичката историја и станаа незаборавни романтични хитови за сите генерации.

Под диригентската палка Саша Николовски – Ѓумар, ќе прозвучат најубавите љубовни песни од Френк Синатра, Дин Мартин, Роксет, Битлси, Квин, како и џез и блуз композиции, кои ќе бидат изведени во оркестарска верзија.

Дел од композициите ќе прозвучат со вокалот на истакнатиот египетски џез и естраден музичар Ахмед Харфуш, кој активно настапува како солист и дел од неговиот џез бенд. Концертот ќе се одржи во Салонот на Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: