Музика на кирилица

Тајзи со промоција на првиот албум на “Open Free Zone Festival”

Музика24 веќе пишуваше за првиот слободен фестивал, како што го најавуваат организаторите, наречен “Open Free Zone Festival”. Новина на овој нов музички фестивал е тоа што познатиот Тајзи во петок во рамките на фестивалот ќе има промоција на првиот албум насловен “Нешто поинакво”, а веднаш по промоцијата истиот ќе биде пуштен и во продажба.

Инаку на првиот слободен фестивал ќе настапат Слаткаристика, Газда Паја, Ареа, Морал, Токсиколози и многу други. Влезот за фестивалот кој ќе се одржи на бината на Фудбалскиот стадион кој се наоѓа до МЗТ салата е слободен.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: