Балканленд

Миленикот на публиката Здравко Чолиќ издаде нов албум (Фото)

Новиот, петнаесетти студиски албум на Здравко Чолиќ “Оно мало срече” е прво заедничко издание на двете најголеми дискографски куќи во регионов – PGP RTS и Croatia Records, кој веќе од 15-ти декември е во продажба. Предпразнично, Здравко Чолиќ на својата верна публика и поклонува музичка честитка – албумот “Оно мало срече”, со 11 внимателно одбрани песни. Песните што ќе започнат со испишување на некои нови антологии проследени се со врвни аранжмани, а заедно со Чолиќ, потпишани се од значајни регионални автори: Момчило Бајагиќ Бајага, Џибони, Златан Фазлиќ, Антонија Шола, Сандра Сагена, Александар Сретеновиќ, Дамир Арсланагиќ, Маја Сар и Мирослав Рус.

Чолиќ на публиката ги пренесува со целосна сила на неговиот уметнички дар, прекрасен глас што освојува, препознатлива харизма и неисцрпна творечка енергија, докажувајќи дека вистинските музички ѕвезди се вечни. Продукцијата на албумот е со потпис на Никша Братош, долгогодишен соработник на Здравко Чолиќ.

Посебен придонес на албумот дадоа и гостите на истиот – Теодоси Спасов, светски познат кавалист, Матија Дедиќ, Дејан Петровиќ Биг Бенд и Александар Бањац. Албумот е сниман во РЛС студио, Ново Место и НБ студио, Загреб. Миксот на албумот е изработен во Прага, во студиото Sono Records, во кое меѓу другите се и: David Bowie, Joss Stone, Gypsy Kings, Nazareth, Julian Lennon, Mike Ster. Мастеринг на албумот е направен во Лондон. Новиот студиски албум по којзнае кој пат ќе го потврди статусот на Здравко Чолиќ како миленик на публиката и волшебник од чија музичка работилница настануваат вечни хитови, безвременски песни, кои секогаш се проследени со долги и гласни аплаузи.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: