Во прв ред

Марија Шерифовиќ со голем концерт во Скопје

Познатата балканска музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ на голем солистички концерт за прв пат во Скопје. Единствената српска победничка на најголемиот музички настан – Евровизија, одлучи да ги израдува сите свои фанови од Македонија. На 17-ти март следната година во Вип Арената “Борис Трајковски”, поп пејачката ќе оддржи спектакл за паметење. Празник за уши за сите оние кои ја сакаат музиката и гласот на Марија Шерифовиќ.

Публиката ќе има прилика да ужива во најголемите хитови како што се: “Молитва”, “Бол до лудила”, “Паметна и луда”, “Горка храброст”… и многу, многу други.

Билетите за овој спектакуларен концерт кој се оддржува за прв пат кај нас, пуштени се во продажба и истите може да се набават на сите продажни места на kupikartizase, Пола Југотон, Југотон, Цвеќара “Розе” – Веро2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: