Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Јоце Панов – Се е остварливо ако го посакуваш

Популарниот изведувач Јоце Панов кој е актуелен со неколку хита во целиот Балкан меѓу кој и евергринот “Ти пеам песна” кој ја одбележа неговата кариера, за нашиот музички портал не удостои со неговата искреност, но и ни откри кој се најважните нешта за успех. Во продолжение прочитајте повеќе во интервјуто.

Музика24: Како што знаеме јавноста те знае по легендарната композиција “Ти пеам песна”, колку тебе ти значи како артист што публиката те препознава по тој хит, иако имаш уште голем број на песни?

Јоце Панов: “Ти пеам песна” е композиција која некако ме обележи кај пошироката јавност и многу ми е драга поради тоа, но секако имам уште многу песни кои публиката ги знае и ги пее со мене на моите настапи. Најбарани ми се “Моја Најдобра”, “Љубовна религија”, “Ивана”, “Сродни души”, “Боли ме твој додир”, “Вештице”, “Заробљен”, “Нико те нече вољети тако”, “Нисам више тај”…

Музика24: Каде најмногу си актуелен во Балканот како пејач?

Јоце Панов: Во моментот најмногу сум сконцентриран во Србија и Хрватска, а Црна Гора веќе неколку години наназад сум стално присутен.

Joce PanovМузика24: Што треба да поседува еден изведувач за да може да успее во кариерата?

Јоце Панов: Најважно и пред се е талент, музичко образование, харизма, упорност, среќа и добри песни.

Музика24: Реално во Македонија е тешко да се успее како артист, која е причината поради тоа?

Јоце Панов: Кај нас е тешко во било што да се успее, освен ако си политичар хехехе… ние не вреднуваме таленти и не ги поддржуваме никогаш, можеби и не знаеме да ги препознаеме, но кога надвор ќе постигнат голем успех дури тогаш велиме дека е наш. Мислам дека тоа е најголемиот проблем. Кога би имало институции кои би се грижеле исклучиво само за вистинските таленти во било која област, би ги препознавале и би вложувале во нив, тогаш се би било поинаку. Деновиве бевме сведоци на фактот колку многу значи за една држава да има светски позната и респектирана личност, примерот со Новак Џоковиќ кој со својот кредибилитет покрена иницијатива кај многу светски имиња да донираат за Србија и Босна. Е кога така ќе почне да размислува нашата држава, тогаш ќе бидеме рамо до рамо со сите големи земји во светот, иако сме мала држава.

Joce Panov Музика24: Со кој од балканските пејачи би сакал да оствариш дует?

Јоце Панов: Има повеќе пејачи кои ги почитувам и ги слушам, па со кого и да имам шанса, би била одлична.

Музика24: Како започна твојата кариера?

Јоце Панов: Мојата кариера не започна намерно или промислено, туку тоа е само едно продолжение на моите гени од фамилијата. Но, на естрадата прв пат професионално се појавив на “Макфест” 2006-та година.

Joce PanovМузика24: Што најмногу може да те извади од такт?

Јоце Панов: Неправда.

Музика24: Кое е твоето мото?

Јоце Панов: Се е остварливо ако искрено се посакува.

Joce PanovМузика24: Дали повеќе водиш грижа за твојот стајлинг или пеењето?

Јоце Панов: За пеењето, а после и за стилот на гардероба.

Музика24: Дали на твоите настапи повеќе ги фаворизираш твоите песни или се иде спонтано?

Јоце Панов: Ги пеам моите песни, но ги вметнувам според ритамот и амбиентот во дадениот момент.

Joce PanovМузика24: Малкумина знаат за тебе дека си се занимавал и со фудбал, па раскажи ни нешто околу тоа?

Јоце Панов: Фудбалот е моја најголема желба од кога паметам за себе. Од моја 7 година почнав да тренирам во клубот Брегалница во Штип и буквално секој ден од мојот живот го поминав на стадион. Но, Бог сакал да се занимавам со музиката и неосетно ми ја одреди патеката по која денес чекорам.

Музика24: И за крај, што е тоа што може да очекуваме во скоро време?

Јоце Панов: Нон стоп работам на нови песни. Нешто што ќе излезе наскоро е една прекрасна и моќна балада, но за сега само толку, а за само неколку денови ќе видите и слушнете за што се работи.

Joce PanovИнтервјуто го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: