24 Ексклузивно

Ексклузивно: Музика24 на проба пред јубилејниот концерт на Есма (Видео)

На само еден ден од одржувањето на јубилениот концерт на нашата позната кралица на ромската музика Есма Теодосиевска, Специјализираниот македонски музички портал во Македонија Музика24, ексклузивно први Ви ја пренесуваат адмосферата за време на пробите каде групата која која ќе биде задолжена за време на концертот ќе ја следи и прати Есма во позадина, ексклузивно за Вас – нашите читатели тие отсвиреа дел од она што можете и ќе имате можност да го видите и слушнете за време на утрешниот концерт во Универзалната сала. Со јубилејниот концерт, Есма прославува 55 години од постоењето и функционирањето на балканската и македонска музичка сцена. Освен тоа, таа низ светот е повеќе од позната, бидејќи, нема место каде што нема одржано свој солистички концерт.

По 55 години музичка кариера, таа реши сите нас да не почести со неколку часовен концерт на кој што веруваме чест и задоволство е да се биде на истиот. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 е медиумски покровител на концертот со кој Есма прославува 55 години од својата музичка кариера. Во продолжение, погледнете го ексклузивно видео кое што Музика24 ексклузивно само за Вас, нашите читатели, го сними за да Ви ја долови за момент адмосферата за време на секојдневните проби кои се одржуваат пред концертот… Уживајте!

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: