Музика на кирилица

Иле си најде девојка преку Фејсбук?!

Сосема е јасно дека секое ново време си носи нови ликови, кои им се интересни на нивните врсници и на новите генерации. Еден од нив, веруваме, е и младиот пејач Иле Петровски, за кого веќе пишувавме дека за Нова година на подарок од родителите доби автомобил “форд фиеста”. Деновиве ни раскажа дека среќата го следи и во љубовта, пред неколку месеци преку фејсбук си нашол убаво девојче.

“Во принцип сум срамежлив, но кога ги видов фотографиите на мојата сегашна девојка, не можев да оддолеам. Се охрабрив и прв и пишав. Ми се допадна. Се вика Кристина. Три месеци сме заедно. Таа има 17 години и учи во средното економско ОСУ “Мирко Милески” во Кичево. Викендите ги поминува во Скопје, но штом пукне пролет, јас почесто ќе возам за Кичево”, ни кажа пејачот.

“Кристина е убава девојка. Секако дека ми е важен изгледот, но пред се карактерот”, ја опиша Иле својата љубена. Инаку, овој 19-годишен скопјанец првиот професионален настап го направи на “Охрид фест” во 2010-та, каде со песната “Каде си” го освои третото место. Во 2011-та година промовираше две нови песни и видео запис за песната “Совршен спој”. Моментално работи на својата нова песна.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: