Во прв ред

Битолската публика пееше со Јелена Томашевиќ (Фото)

Јелена Томашевиќ со сигурност беше главна ѕвезда на овогодинешното издание на Фестивалот на музика од светот во Битола. Популарната пејачка ги освои срцата на битолчани со својата непосредност, талент, нејзините бројни хитови и староградските песни.

Вчера вечер во преполната сала на Центарот за култура – Битола публиката во еден глас ги отпеа речиси сите песни од репертоарот на Томашевиќ. Хитовите: “Јутро”, “Кошава”, “Океани”, “Оро”…, но и староградските “Битола, мој роден крај”, “Лела Врањанка”, “Шеќерна”, “Ако одам во Битола” итн. Јелена во текот на целиот концерт беше во интеракција со својата публика.

“Многу сум среќна што сум вечерва во Битола, а ова е мој прв солистички концерт во вашиот град. Благодарам на директорката Маја Андоновска – Илијевски што ме покани овде, благодарам на Камерниот орксестар и дирегентот маестро Владимир Димовски, благодарност и за најмузикалната публика на светот која ме следи во точна интонација. Јас изминатите денови навистина уживав во вашиот град и на пробите и во обиколката. Она што можам да ви го кажам дека ве краси една гостољубивост што во денешно време ретко се среќава”, рече Томашевиќ. Концертот се заврши со ветување за нова концертна средба за скоро време.

Подготви: Филип Етмишовски

Фотографии: Диоген Хаџи Коста – Милевски, Стојанче Цавировски

Можеби ќе ве интересира: