Во прв ред

Четкар со летна турнеја низ Македонија

Македонскиот џез-виртуоз Владимир Четкар најавува летна мини-турнеја низ Македонија. Првиот настап е закажан за 17-ти јули во кафе-барот “Аквариус” во Охрид, следниот ден, 18-ти јули ќе гостува во “Бакарди лаунџ бар” во Кичево, и на 15-ти август ќе одржи концерт во рамки на “Бит фест” во Битола. На свирките Четкар ќе биде придружуван од Виктор Филиповски (тапани) и Дионис Стратов (електричен бас).

Извор: Охрид24

Можеби ќе ве интересира: