Музика на кирилица

Ексклузивно: Скандал на промоцијата на новата песна “Калдрма” на Стефан Миткоски

Вчера вечер во Прилеп се одржа долго најавуваната и очекувана промоција на новата песна на младиот пејач Стефан Миткоски “Калдрма” за кои што главни “виновници” се пред се познатиот композитор, музичар и продуцент Горан Милошески и текстописецот Огнен Неделковски. Дел од нашите новинари имаа ретка привилегија и можност да ја слушнат самата композиција за време на создавањето и слободно можеме да признаеме дека станува збор за вистински хит кој што веруваме дека ќе се слуша и во иднина. За жал, не бевме во можност да присуствуваме на промоцијата, но од нашите соработници и колеги добивме информација дека се поминало во најдобар ред, како и впрочем на секоја промоција, освен што на оваа се случил еден релативно мал скандал на што реагираа дел од авторите на оваа песна.

Имено, станува збор за следново, кога била најавувана и претставувана новата песна на младиот пејач, водителот на промоцијата Ване Маркоски (Канал 5 телевизија) ниту споменал чие дело е самата композиција, ниту пак кој го напишал текстот, а пејачот пак на сето ова ниту изреагирал ниту пак нешто искоментирал, и со самото тоа сите присутни во ресторанот каде што се одвивала промоцијата имале впечаток дека дека или младиот пејач или пак неговите соработници од бендот ја имаат напишано и создадено новата песна.

Горан Милошески кого Музика24 го контактираше во текот на денешниот ден по статусот кој тој го објави вчера вечер на својот фејсбук профил, изкоментира дека е крајно разочаран и дека да знаел дека вака ќе помине се, нити ќе заминел на промоцијата, ниту пак ќе се трудел толку многу за песна за која ниту еднаш која се промовира не е спомнат, бидејќи сепак тоа е негово дело и во сето има вложено како време, така и труд и многу непреспиени ноќи.

Status na Goran MiloseskiТој ексклузивно за специјализираниот македонски музички портал Музика24, во врска со овој скандал и промоција изјави:

“Песната на младиот Стефан се снимаше во моето студио, за истата не му побарав ниту денар пред се од почит кон неговите родители кои ми се многу добри пријатели од детство. Мојата цел беше искрено да му помогнам, за да нема потреба да плаќа големи суми за песна. Ќе напоменам дека за песната “Калдрма” беа вклучени голем број на познати македонски музичари кои пред се поради мене и мојата молба кон нив својот дел го отсвиреа професионално и без ниту еден денар, знаете, за таков ангажман кого и да ангажирате ќе треба да платите соодветна сума, зависи од музичарот. Со моето присуство и поддршка на промоцијата на Стефан Миткоски, мислев дека ќе бидам почестен со барем едно Благодарам и повикан како автор на композицијата. Бев толку понижен што бев претставен само како обичен музичар од Прилеп и ме повикаа да бидам дел од некоја си жири-комисија и јас да го изигрувам Шабан Шаулиќ и да кажам нешто за Стефан. Го кажав она што е вистина, Стефан го знам покрај неговите родители уште од мал, дури кога беше бебе, и побарав огромен аплауз за неговите родители. Откако не симнаа од сцената очекував како автор, композитор и продуцент на “Калдрма” да бидам повикан на сцената и да кажам збор-два за песната, нејзиното создавање и кој беше всушност “виновникот” за целата промоција, но ништо од тоа. Стефан излезе ја отпеа песната, а кога се симна му честитав и го прашав зошто никој не спомна кој е автор, композитор, текстописец на композицијата, а тој само ми се развика и ми рече: Остај ме, нервозен сум!. И кој и да беше ќе го направеше истото, демостративно заминав за Скопје. И денес, после целата вчерашна случка знам дека тој дефинитивно нема да остане пејач на таа песна.”, изјави ексклузивно Горан Милошески за Музика24.

Goran MiloseskiНа прашањето, кој би можел да ја отпее оваа композиција на местото на Стефан, бидејќи сепак тој е автор, Милошески само ни одговори дека тоа ќе биде познато музичко име од македонската музичка сцена. Се надеваме дека целиот овој таканаречен скандал ќе заврши со нова песна и нов изведувач, а за се она што е поврзано со истото, Музика24 е тука да ве известува и секако секогаш навремено да ве информира.

Подготви: Марија Поповска

Внимание: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на МУЗИКА24!

Можеби ќе ве интересира: