Во прв ред

Стартува продажбата на промо влезниците за “Таксират 15”

По одличниот концерт на Ману Чао Ла Вентура кој Пасворд продукција го подготви неодамна, време е повторно за уште еден голем музички настан во организација на пасвордовци и нивната никогаш уморна екипа. Тие со задоволство Ви го најавуваат јубилејното петнаесето издание на овој голем музички настан кој традиционално се одржува во последниот месец од годината, месецот декември.

Овој пат за што повеќе да ги изненадат своите фанови и пред се за што повеќе од Вас да се обезбедат со влезници, подготвија промо влезници т.н. “early bird” влезници кои се достапни по промотивна цена од 450 денари. Овие промо влезници се во строго ограничен број и истите ќе бидат достапни од 23-ти октомври, односно од среда и тоа на следниве продажни места: продажните салони на “One”, продажните салони на Office Plus, “ЗЗ ТОП” – Охрид, “Агора” – Куманово, “Хард Рок” – Битола, “Шишко” – Кочани, “Розе” – Веро 2, “Камарад” – Рамсторе, “Кафе Браво”, “Круг Кафе”. И оваа година стандардно, главната вечер на “Таксират 15” ќе се одржи во Матрополис Арената во Скопје.

Подготви: Катерина Димиќ

Можеби ќе ве интересира: