Музика на кирилица

Суперхикс продолжува со настапи низ Македонија

Очигледно дека за познатата група Суперхикс нема одмор. Тие по промоцијата на новиот видео спот за песната “Скок”, најавуваат нови настапи за своите фанови. Вечерва Суперхикс има несекојдневен настап на театарската сцена. Имено, во рамки на затворањето на фестивалот “Денови на комедија” кој се одржува во Куманово, бендот со својата музика и песни кои ќе бидат изведувани во живо, е дел од премиерата на претставата “Нажалена фамилија” (текст: Б.Нушиќ) во режија на Драгана Милошевски Попов, а во соработка со кумановскиот театар. Премиерата на претставата е закажана во 20:00 часот, во Домот на културата “Куманово”.

По театарскиот перформанс, Суперхикс во недела на 20-ти октомври ќе настапат на фестивалот “Виноскоп” во Скопје. Влезот на фестивалот е слободен за сите посетители, а фановите на Суперхикс оваа вечер ќе имаат прилика да уживаат во оригиналната сет-листа на Суперхикс, но и да ги запознаат новите членови на банда инструментале.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: