Во прв ред

“X Factor” финалистите на концерт во Скопје на 7-ми јуни

Дванаесетте финалисти на мегапопуларното музичкото шоу “X Factor Adria” на 7-ми јуни доаѓаат томку во Скопје на својот прв заеднички концерт кој ќе се одржи во арената “Борис Трајковски”. Тамара Милановиќ, Даниел Кајмакоски, Фифи и Урош Трукулов од групата “Доктори” соопштија дека со нестрпливост го очекуваат концертот во Скопје и веќе се активно ангажирани во подготовките за својот настап. На концертот финалистите ќе ги отпеат најдобрите песните од нивните live настапи на финалните вечери, а дел од нив на овој концерт премиерно ќе ги претстават и своите први песни.

Покрај нив, на средбата со новинарите присуствуваше и Сандрина Анѓиќ, сопственичка на “МБК продукција”, под чија надлежност се одржува концертот во Скопје.

“Ви благодаиме за целата поддршка што досега ја добивме од Македонија. За време на одржувањето на “X Factor Adria”, најголемата поддршка ја имавме токму од Македонија, а и во овие тешки моменти Македонија најмногу помогна. Се извинувам од името на Маид и Армин кои сакаа да бидат тука, но веќе неколку дена се наоѓаат и помагаат во кризните места настрадани од поплавите во регионот. За таа цел и “МБК продукција” одлучи нашиот дел од средствата од овој концерт, да ги доделиме во хуманитарни цели, со што и на овој начин ќе помогнат сите кои ќе бидат дел од концертот”, изјави Сандрина Анѓиќ.

На големото концертно шоу кое нe очекува на 7-ми јуни во арената “Борис Трајковски” во Скопје, бројните фанови на регионалното издание на светски популарното музичко шоу “X Factor”, конечно ќе имаат специјално задоволство да уживаат во заедничкиот настап на финалистите од регионалното издание на ова шоу: Даниел Кајмакоски, Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Чато, Лукијан Ивановиќ, дуото “H2O” сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите “Доктори” и “4U”. Влезниците за концертот на финалистите од “X Factor Adria” се веќе достапни во продажната мрежа на МКтикетс.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: