24 Ексклузивно

Ексклузивно: Тони Цетински доаѓа во Македонија (Фото)

Музичкиот портал Музика24 ексклузивно дознава дека познатиот хрватски пејач Тони Цетински доаѓа во Македонија, тој свој концерт ќе одржи на 29-ти март 2014-та. Организатори на овој сеуште необјавен концерт е познатата продуценска куќа која од неодамна повторно на големо се активираше со своите ексклузивци, а станува збор за План Б продукција.

Неофицијално дознаваме дека Цетински не го прифатил предлогот на организаторите неговиот прв концерт во Македонија да го одржи на некое друго место освен арената “Борис Трајковски”, но по се изгледа дека истите попуштиле во договорот, бидејќи вечерва пејачот на својата официјална фан страна на facebook ја објави листата на концерти кои ќе се случуваат заклучно со месец март.

Тони Цетински - распоред на концерти до март 2014-таСе надеваме дека овој концерт, за кој во следните месеци многу ќе се зборува, како и многуте претходно одржани, ќе биде одлично организиран и секако уште долго време ќе се зборува за истиот.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: