Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Даниел Дан – Секој го бира својот пат

Веќе докажаниот поп пејач Даниел Дан со кој ја освои публиката со многу хит синглови меѓу кој и првата песна “Губам од себе” каде остави свој печат на музичката естрада. Иако скромен во тоа што го работи, сепак знае да ја најде сржта на квалитетот во музиката тој во интервјуто за нашиот музички портал беше многу отворен, а за што се работеше прочитајте во продолжение.
Daniel Dan_Nina BadricМузика24: Од кога започна да се занимаваш со пеење?

Даниел Дан: Започнав со компонирање и пишување текстови уште во тинејџерските години. Отсекогаш сум сакал првенствено да се изразувам на тој начин. Подоцна започнав нормално и да ги изведувам своите дела, мојата самодоверба се зголеми и сфатив дека подеднакво уживам и на сцената и во тие креативни мигови кога се создава нешто ново.

Музика24: Дали свириш и некој инструмент?

Даниел Дан: Свирам клавијатури, помалку и гитара, но не се гледам себе како инструменталист, иако би сакал да се надградам и на тоа поле.
Daniel DanМузика24: Што е тоа што би сакал да промениш на музички план?

Даниел Дан: Нови синглови, албуми… Би сакал поголем број на концерти. Слободни умови и публика желна за забава.

Музика24: Има ли Македонија можности да пласира пеачи и надвор од неа?

Даниел Дан: Македонија е мал пазар и мислам дека индивидуално пејачите би требало да се обидуваат да ги освојуваат странските пазари. Се разбира дека поголемите пазари значат и поголема конкуренција, но… би требало таа да биде само мотив.
Daniel DanМузика24: Сите изведувачи на некој начин за да успеат гледаат да ги пробаат сите можни начини, за да се промовираат како такви. Според тебе кој е условот за да бидеш успешен?

Даниел Дан: Секој го одбира својот пат. Повеќе и не размислувам кој е начинот за да се биде успешен, сакам само да бидам исполнет. Во уметноста нема простор за калкулирања и онака математиката никогаш не ми одела.

Музика24: Со кој од нашава естрада би сакал да снимиш дует?

Даниел Дан: Да бидам искрен не сум размислувал во таа насока периодов. Голем е бројот на талентирани колеги со кои би можел да соработувам, но за таков чекор пред се е потребна добра песна.

Daniel DanМузика24: Од каде излезе соработката со познатата хрватска пејачка Нина Бадриќ?

Даниел Дан: Тотално ненадејно. Бев изненаден кога ми се јавија организаторите да ме поканат да бидам гостин на концертот на Нина Бадриќ. Бескрајно сум им благодарен ним и драго ми е што Нина и нејзиниот тим веруваат во мене и што добивам шанса да пеам пред многубројна публика и со една таква голема ѕвезда. По малите измени концертот е закажан за 8-ми април во Универзалната Сала и со нетрпение го очекувам овој настан. Македонија заслужува вакви концерти, сигурен сум дека сите присутни одлично ќе се забавуваат.

Музика24: Дали би пробал да пееш и друг жанр на музика?

Даниел Дан: Македонија има одлична публика со извонреден слух за квалитет, но и такви кои за жал многу работи пропуштаат чекајќи согласност од другите.

Музика24: И за крај што подготвуваш во иднина, дали нов албум или сингл?

Даниел Дан: Ќе оставам простор и за наше следно интервју. Во секој случај ќе има нешто, ново!

Интервјуто го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: