Балканленд

Елена Велевска: Јас немам проблем со никој!

Елена Велевска со гостувањето на Телевизија Сонце во Гала шоу откри една голема мистерија. Веќе подолг период низ медиумите се провлекува дека таа и Сузана Гавазова не се во добри односи, не разговараат, но и покрај тоа тие две во ноември месец ќе заминат на заедничка турнеја во Австралија.

“Точно е, минатата недела ги потпишавме договорите, во месец ноември, некаде на почетокот околу 7 -ми треба да ни започнат концертите. Ќе бидеме таму пет недели, не носи организатор од Перт. Ми се чини дека после сите оние натписи во жолтиот печат, повеќе работата беше напунпана, новинарите бараа сензација за да имаат што да пишуваат. Ние никогаш не би се довеле во ситуација да си ги вадиме очите, но народот повеќе сака да гледа сеир, одколку успех. Така да би рекла дека не сме во лоши односи со Сузана Гавазова. Ние сме едни од најуспешните на фолк сцената, имаме работа, си ја вршиме функцијата на естрадни уметници. Ако наиде на некој непријатен муабет тоа е напумпано од страна и е далеку од вистината”, одговори Велевска. Ја прашавме и Сузана Гавазова околу ова, а таа ни одговори: “Убава изјава дала Велевска, да не се повторувам, точно е дека ќе одиме заедно во Австралија, мило ми е и убедена сум дека ќe направиме вистински бум. Јас и Елена долго време работевме заедно во Струмица, знаеме што може да биде кога заедно ќе застанеме на сцена и затоа ни дојде на таква идеја да одиме заедно на турнеја”, изјави Гавазова за Mузика 24. Им посакуваме успешна турнеја.

Можеби ќе ве интересира: