Музика на кирилица

Ирена Спасовска и Цане Петров го промовираат албумот “Македонска етно музика 3”

Фолк пејачката Ирена Спасовска заедно со Цане Петров, идната недела ќе го промовираат заедничкиот проект, односно новиот музички албум насловен “Македонска етно музика 3” подржано од Министерството за култура на Република Македонија. На овој албум се наоѓаат 10 заборавени македонски песни со нови етно аранжмани, кои се дело на Цане Петров. Материјалот е снимен и миксан во студиото “Качамак”, а како гости на истиот се појавуваат: групата “Биоритам”, Бајса Арифовска, Драги Полизовски, Вили Гајда Михајловски и Новица и Јане Крстевски.

Албумот се наоѓа на двојно цд издание, на првото цд се наоѓаат песните, а на второто матриците за истите. Доколку сте љубители на македонска музика и ги обожувате подзаборавените македонски песни, овој албум е токму оној кој што треба да го имате во вашата фонотека.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: