Музика на кирилица

Џаро: Најголемите виновници за скандалот со Скопски се луѓе од МРТВ (Фото)

Вчера во попладневната емисија “24 за животот” која во живо се емитуваше на телевизијата 24 Вести, а чии водител и уредник е Огнен Јанески, по повод случувањата со Скопскиот фестивал и изборот за песна за Евровизија гостин беше познатиот менаџер, радио и тв водител Велибор Џаровски – Џаро. Гостинот Џаровски заедно со водителот Јаневски дебатираа и анализираа за сите оние нешта кои што се случија со веќе одржаниот Скопски фестивал, за кој веќе уште следниот ден излогоа информации во јавноста дека истиот бил наместен.

Џаровски во емисијата “24 за животот” вели:

“Јас да го местев скопскиот фестивал немаше да ме фатат за 25 години. На погрешна страна оди целата приказна, ова кај нашиот северен сосед има една изрека која вели: Тресла се гора родио се миш. Нема ништо од ова”, изјави познатиот менаџер во емисијата. Со оглед на тоа дека станува збор за четврорица инволвинари (сопственици на две продукциски куќи) од кој едниот се наоѓа надвор од Македонија, Министерството за внатрешни работи сеуште не излегло со официјален извештај за целото случување, Џаровски за сето тоа вели:

“Чија песна тие напишаа? На преубавата девојка која со години не може да се приближи на Калиопи, Каролина и Тамара. Првите три се Калиопи, Каролина и Тамара, а четвртата некако… плавуша е не и помага ни врска со бизнисмен, ни илјада глупости, ни абортус, ни ништо не и помага. За неа се сите овие глупости”, вели Џаровски и додава:

Velibor Dzarovski Dzaro“Знаете ли кој ја направи целата беља и им го расипа тука планот? Лукавиот Копров на кој не рачунаа они”, додава Џаровски. И продолжува:

“Најголеми виновници за ова се луѓе од Македонската телевизија. Дали заради наивност или поради свои побуди тие се единствени виновници. МВР треба истрагата да ја прекине и да ја сврти кон друг правец. Македонската телевизија уште во први час помисли дека нешто ќе биде нерегуларно и затоа одлучи да има меѓународно жири, значи се сомневаше во македонско жири. Тие ставија меѓународно жири, кој ги одбра државите кои гласаа? Зошто ние да веруваме дека тие имаат регуларно одбрано жири? Зошто се луѓето од Македонска телевизија виновни треба ова прашање МВР да си го постави на себе и на македонската јавност. Кој ја одбра фирмата која го спроведуваше гласањето односно телеволтингот? Кој ја одбра фирмата, по тој резон наместени се и Макфест и Цветници”, изјави познатиот менаџер во емисијата на 24 Вести “24 за животот”.

Целосната емисија од вчера можете во целост да ја погледнете на следниот линк: 24 за животот и го погледнете дебатирањето, анализирањето и ставовите на познатиот менаџер Џаро.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: