Музика на кирилица

Сања Лефкова се враќа на музичката сцена со “Само забава” (Аудио)

Сања Лефкова стави крај на паузата и своите фанови кои со исчекување копнееја да ја видат со нешто ново на малите екрани ги изненади деновиве со нов хит “Само забава”. По успехот од преубавата балада “Душа уморна” која беше интерпретирана на Макфест 2009-та година, Сања се одлучи да ја обнови соработката со Илија Ќосевски кој е комплетен автор на новата песна.

Истата е снимена е во студиото “Magnus” во Штип. Веруваме дека забавата ќе потрае и ќе се манифестира со настапи низ цела Македонија и во странство, што впрочем се и идните планови на нашата убава Сања која го најавува и своето враќање на музичката сцена.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: