Балканленд

Даниел Кајмакоски го отвори дванаесетото “Пивофест” издание (Фото)

Со кригла пиво вчера вечер пред многубројната публика градоначалникот на Прилеп Г-динот Маријан Ристески, овогодинешниот водител – шоуменот Игор Џамбазов и познатиот македонски поп пејач и победник на “X Factor Adria” Даниел Кајмакоски официјално го отворија дванаесетото издание на најголемата македонска пиво-забава Фестивалот на пивото и скарата “Пивофест 2014”. По официјалното отворање на сцената со својот бенд се појави токму тој, Данаиел Кајмакоски кој со своите изведби на светки познати хитови го поткрена расположението на речиси секој присутен.

Daniel Kajmakoski_pivo fest Daniel Kajmakoski_pivo festИмаше и многу солзи радосници, извикувања: “Даниел, Даниел…”, фотографирања, како и желба секоја од девојчињата да го гушне својот музички идол. Многумина јавно велеа дека Кајмакоски не е за оваа сцена, или веќе ако е на неа дека требало да отпее и некоја македонска песна, бидејќи сепак станува збор за нешто наше македонско, но тоа се само муабетите и шушкањата кои имавме можност да ги слушнеме во бекстајџот.

А веднаш по едночасовниот мини концерт на Кајмакоски, на сцената излегоа веќе најавените The Toasters и за крај на првата фестивалска пиво вечер како јаготка на шлагот се појавија DJ Nas­tia Zoloto & First Enter­tain­ment кои беа прифатени пред се од младите, а секако и од останатите присутни во публиката.

Pivo fest DJ Pivo fest DJВистинско шоу и забава до раните утрински часови, ете тоа е “Пивофест”, место каде што освен вкусна скара, добро пиво, може и добро да се изнажуркате и да се забавувате, бидејќи тука се е дозволено.

За втората фестивалска вечер, односно, вечерва на големата сцена на “Пивофест” на сцената присутната публика ќе има единствена можност и привилегија да ужива во песните и музиката на:

  • Тијана и Тамара кои вечерва ја отвораат вечерта од 21 часот
  • Игор Џамбазов заедно со Гуру Харе Бенд се веднаш по нив, односно од 22 часот
  • Од 23 часот до полноќ на сцената со своите балади и незаборавни хитови ќе ве забавува познатиот хит мејкер Владо Јаневски и
  • Како последни во официјалниот дел на програмата, од полноќ па се до 01.30 за сите вас ќе свири и пее познатата балканска група Хладно пиво

Доколку сеуште не сте решиле каде ќе го поминете остатокот од викендот кој само што започна, специјализираниот македонски музички портал Музика24 топло и од се срце ви препорачува барем за еден ден да дојдете и да поминете луда и незаборавна забава во градот под Марковите кули – Градот Прилеп.

Подготви: Иван Јосимовски и Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: