Музика на кирилица

“Куку Леле” одржаа голем концерт во преполниот ноќен клуб “Централ парк” во Скопје

Најпопуларното македонско дуо “Куку леле” пред повеќе од 3000 луѓе одржа концерт и незаборавна журка во саботата, 11-ти јуни во летниот клуб “Централ парк” во Скопје. Хитовите со кои многу генерации пораснаа, меѓу кои и “Постела од рози”, “Кучка неверна”, “Се е против нас”, “Ти немаш појма”, “Блесава си или не”, но и новите “Нема да тагувам”, “Цимери” и “Р’мбам ко црнец” во еден глас публиката заедно со Роберт Саздов и Панки ги отпеа во саботата на 11-јуни за кога беше закажан големиот солистички концерт.

На сцената дуото беше придржувано од 14 член бенд на ексклузивна сцена за најдобрата журка која дефинитивно го одбележи стартот на летната сезона со публика над 3.000 луѓе во главниот град на Македонија.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: