Премиера

Многу јавни личности во новиот спот на “ДНК” (Видео)

Дуото “ДНК” вчера ја промовираа својата нова песна насловена “Јави ми”. Песната ја прати исклучителено интересен спот кој всушност е алтернатива поради неможност за снимање на спот за време на глобалната пандемија.

Во спотот се “појавуваат” многу јавни личности од различни области. Помеѓу останатите: Калиопи, Каролина, Владо Јаневски, Влатко Лозаноски, Дарио, Игор Џамбазов и Весна Петрушевска, Снеже Велков, Маријана Станојковска, Лила, Горан Пандев, Кирил Лазаров, Манасков, Стоилов но и неколку познати лица од македонската YouTube сцена.

Автори на музиката се Панчо ДНК и Лазар Цветкоски. Текстот е исто така на Панчо, а Цветкоски се јавува и во улога на аранжер.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: