Во прв ред

Саша Ковачевиќ се сели во Македонија?!

Момчето кое речиси каде и да појде девојките лудуваат по него, го враќаат на неколку бисови и сакаат секогаш уште и уште песни од него, се сели во Македонија. Поточно, станува збор за неколку настапи (концерти) кој што познатиот балкански поп пејач Саша Ковачевиќ ќе ги има во Македонија, а се случуваат скоро еден по друг. Па така, Ковачевиќ утре свој настап ќе има во Охрид во познатата летна дискотека Кадмо, следниот ден пак, настапува во Кочани во дискотеката Аква. На 1-ви август Саша Ковачевиќ повторно има свој настап во Македонија, а овој пат доаѓа во најпознатата дискотека во тој регион – Селект во Струмица, за два дена подоцна повторно да ни се врати и повторно да настапи во охридската дискотека Кадмо.

Sasa Kovacevic_gostuvanje vo mkВеројатно Саша ја засака Македонија, но очигледно е дека и македонките го сакаат токму него. Не е ни чудо во идниот период ако се случи токму тој да има мома македонка покрај себе.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: