Во прв ред

Велешка „Питијада“ продолжува да ја негува македонската музика

Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада“ порасна во препознатлив бренд во Македонија и од година на година добива се поголема поддршка од граѓаните. И оваа година, негувајќи ја македонската музика, „Питијада“ повторно ќе понуди програма по вкус на сите генерации.

По сечењето на џиновската пита во петок (6-ти октомври) во музичкиот дел ќе настапат: Ефто Пупиновски, Пајак и Лара, а за крај „Некст Тајм“. Во сабота (7-ми октомври) денска забава ќе има со DJ Popeye, а вечерта следуваат: Елена Андоновска, 2 Бона и култните „Меморија“. Во недела ќе има денска забава со детскиот фестивал „Поточиња“ и D Chicks, а вечерта настапуваат Игор Димовски – Пауза за ракија, Бени & Нон Стоп, а ДНК за големото финале на овогодинешната „Питијада“.

Општина Велес е една од ретките која во главната и најпопуларна општинска манифестација не ги заборава најмладите и за нив секогаш го носи најдоборото па така оваа година настапуваат „5+ бенд“ во петок, „Светот на Биби“ во сабота и „Тин Камп“ во недела.

Можеби ќе ве интересира: