Музика на кирилица

Во сабота стартува третото издание на рок фестивалот “Joy Fest”

Со најпознатите македонски групи “Суперхикс” и “Нокаут” во сабота 23-ти август во Крива Паланка ќе започне третото издание на музичкиот рок фестивал “Joy Fest”. За разлика од минатата година кога имаше гости од други земји, оваа година организаторите одлучија да и дадат до значење и важност на македонската рок музика, па така овогодинешното трето издание ќе биде исполнето исклучиво со рок групи и бендови од Македонија. 

Како ѕвезди на овогодинешното издание се најавени едни од најпознатите македонски групи “Суперхикс” и “Нокаут” кои секако се очекува да направат забава која ќе се памети и за која долго ќе се зборува. Освен нив, на сцената ги најавуваат и “Протагонист”, “Скајрајс”, “Парпл Цепелин”… и многу други.

Почетокот на “Joy Fest” е закажан за 19 часот, а истиот ќе се одржи на градскиот плоштад во Крива Паланка се до раните утрински часови.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: