Во прв ред

Ален Хасановиќ ќе го отвори концертот на Шабан Шаулиќ во Скопје

Ален Хасановиќ, харизматичното момче кое со својата одлична интерпретација на хитот “Као моја мати” од Здравко Чолиќ го воодушеви шесточленото жири на “Ѕвездите на Гранд” и ги крена на нозе Саша Поповиќ и Лепа Брена кои го наградија со аплауз, на 14-ти март во Арена “Борис Трајковски” ќе го отвори спектакуларниот концерт на Шабан Шаулиќ.

“Огромна чест и задоволство ми е што добив покана од организаторот “Балкан Медиа” да го отворам големиот концерт на Шабан Шаулиќ, Саша Матиќ и Ана Бекута во Скопје. Овие пејачи се едноставно легенди, луѓе кои зад себе ги имаат најголемите кариери. Ќе дадам се од себе за да го збогатам и разубавам концертот, а се надевам дека публиката ќе ужива во мојот настап”, вели Ален.

Alen Hasanovic22-годишниот Хасановиќ заедно со својот бенд ќе настапи како предгрупа на целовечерниот концерт во организација на “Балкан Медиа” и ќе биде вистинско загревање за она што ќе им се случува на скопјани на 14-ти март во Арена “Борис Трајковски”. Во меѓувреме, единствениот македонски фаворит за победа кој руши рекорди на гледаност во регионалниот музички натпревар “Ѕвездите на Гранд” активно се подготвува за третиот круг, каде конечно гледачите ќе имаат можност да слушнат македонска песна во негова изведба.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: