Музика на кирилица

Универзална сала преполна за концертот на пејачот Марјан Коцев (Фото)

Универзалната сала во Скопје, вчера вечер беше премала да ги собере сите оние кои сакаа да бидат дел од првиот солистички концерт на познатиот македонски фолк пејач Марјан Коцев, кој воедно го прослави и 20 годишниот јубилеј на македонската музичка фолк сцена.

Тој концертот го започна со неговата прва песна од неговиот прв настап на фестивалот за народна музика “Цветници” со неговата прва песна “И на Цветници”. На почетокот како што доликува, им се заблагодари на сите свои соработници низ годините, на своите пријатели, роднини, на публиката и секако на своето семејство. Немаше многу говорење, туку само пеење. Па така, концертот продолжи во весела, динамична и разиграна адмосфера. “Виски”, “Земја ветена”, “Најзгодна”, “Љубовен танец”, “Ива, Ива, најмила”, “Бекрија љубовџија”, “Крал на жените”… беа само дел од хитовите кои Коцев ги отпеа на сцената од Универзалната сала. Во првите редови видно се забележуваше и присуството на неговата сопруга и семејството, како и на малото бебенце кое што познатиот фолк пејач со својата сопруга го добија на свет пред неколку месеци.

Како изненадување на концертот беше изведбата на песната “Дајте вино сите нека пијат”, која што Марјан Коцев ја отпеа со познатите фолк пејачи Новица Василевски и Дејан Николовски – Чуле кои што ја кренаа цела публика на нозе и секако немаше некој што не беше расположен и не играше. А како втор гостин на концертот, на сцената се појави Ефто Пупиновски кој што отпеа три негови познати песни, меѓу која и големиот негов хит “Туѓа си бескрајно”.

Marjan Kocev_koncert2Најголемо расположение кај присутната публика во Универзалната сала се појави кога фолк пејачот Марјан Коцев започна да ја пее познатата негова песна “Ти, само ти”, неговиот голем хит кој што и стари и млади ги крена на нозе. Немаше кој, а да не ја знае и пее оваа песна, па така на неколку наврати се слушаше како публиката во цел глас заедно го пеат овој голем фолк хит. Марјан Коцев воедно и со оваа песна која ја отпеа два пати го заврши долгоочекуваниот прв солисички и јубилеен концерт.

Тој од Роса продукција добри признание за 20 годишното постоење и функционирање на македонската фолк музичка сцена. А за цело време на концертот, во позадина го пратеше познатата фолк група “Дрим Тим”.

Организатор на концертот беше Радио Роса и Роса продукција, а истиот го снимаше националната телевизија ТВ Сител која што одложно ќе го емитува на својата програма. Сите оние кои незнаат како и на кој начин да направат концерт, нека појдат на неколку наши македонски концерти и нека учат од ваквите наши големи македонски фолк имиња.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: